Светската банка додели грантови за одржлив развој

Bez autora
May 18 2011

Пет невладини организации добија грантови во висина од 5.000 до 10.000 долари од Светската банка како поддршка за проекти од одржливиот развој и енергетската ефикасност. Средствата се доделуваат од Фондот за цивилно општество и за нив аплицирале околу 40 организации, а избрани се Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово, Здружението на граѓани „Сумнал“ од Скопје, Центарот за економски анализи, Фондацијата за ново образование за бизнис од Скопје и Здружението за локален и рурален развој од Камењане. Целта на овогодишната програма е давање поддршка за поеколошки развој и енергетска ефикасност. Досега Светската банка има инвестирано во Македонија над една милијарда долари во заеми и грантови. Средствата се искористени во разни сектори во економијата, а како позначајни се финансиската поддршка во реконструкцијата на над 200 километри патишта, на инфраструктурата за наводнување и на реформирањето на образованието.

Светската банка додели грантови за одржлив развојПет невладини организации добија грантови во висина од 5.000 до 10.000 долари од Светската банка како поддршка за проекти од одржливиот развој и енергетската ефикасност.

Средствата се доделуваат од Фондот за цивилно општество и за нив аплицирале околу 40 организации, а избрани се Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово, Здружението на граѓани „Сумнал“ од Скопје, Центарот за економски анализи, Фондацијата за ново образование за бизнис од Скопје и Здружението за локален и рурален развој од Камењане.

- Целта на овогодишната програма е давање поддршка за поеколошки развој и енергетска ефикасност - истакна Лилија Буручук од Канцеларијата на Светската банка во Скопје, каде што вчера беа потпишани договорите со невладините организации.

Досега Светската банка има инвестирано во Македонија над една милијарда долари во заеми и грантови.

Средствата се искористени во разни сектори во економијата, а како позначајни се финансиската поддршка во реконструкцијата на над 200 километри патишта, на инфраструктурата за наводнување и на реформирањето на образованието.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik